• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Европски новитети во физичкото образование од прво до петто одделение во Македонија

Европски новитети во физичкото образование од прво до петто одделение во Македонија

Скопје, 12 август 2018 (МИА) - Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) при УКИМ, во партнерство со Бирото за развој на образование при МОН, Факултетот за спорт на Универзитетот од Љубљана, Словенија и Нациналната Спортна Академија од Софија, Бугарија, реализира проект од програмата Ерасмус + „Подобрување на квалитетот на физичкото образование на ниво на основно образование и презентирање на неговата важност и значење за здравјето и доброто на генерациите кои доаѓаат“(2017-2019).

По тој повод ФФОСЗ ќе ја организара и првата конференција, на која ќе се говори за важноста и придобивките од воведување на проектот „тандем-партнер наставници“, (одделенски наставник и предметен наставник на часот по физичко и здравствено образование) од прво до петто одделение. Проектот предвидува пилот истражување во шест општини (Центар, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром).

Според организаторите, целта на проектот е подобрување на квалитетот наставата по физичкото образование, со цел унапредување на физичките способности, моторните вештини и знаења од областа на физичката и здравствена култура, поради зачувување на здравјето низ примена на правилно и редовно физичко вежбање во современите услови на живот и работа.

- Проектот квалитетно физичко образование, ќе придонесе уште во раната возраст децата да стекнат спортски навики, спортска социјализација, намалување на телесните деформитети, прекумерната телесна тежина и ќе биде сериозен фактор во борбата против пороците (алкохол, дрога, агресивно однесување), во современото општество.

На конференцијата ќе бидат презентирани и искуствата од повеќе европски земји. Како рол-модел на проектот е Словенија, која веќе 15 години го практикува овој модел и ги има бенефитите по здравјето на децата низ развојниот, рекреативниот и врвниот спорт. вг/са/07:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...