• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ОЈО: Испратена е покана за неколку лица за злоупотребата на АКМИС-от

ОЈО: Испратена е покана за неколку лица за злоупотребата на АКМИС-от

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Испратена е покана за неколку лица за давање изјава пред надлежен јавен обвинител во врска со злоупотреба на АКМИС-системот за електронска распределба на судските предмети во судовите.

Ова за МИА го изјавија од Основното јавно обвинителство-Скопје, но велат дека не можат да потврдат дали денеска имало распит, по објавата на некои медиуми дека денеска во Обвинителство биле повикани Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, и Јово Вангеловски, актуелен претседател на Врховниот суд. хс/лв/17:46

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ