• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Усвоен 4. Национален акциски план за отворено владино партнерство

Усвоен 4. Национален акциски план за отворено владино партнерство

Скопје, 11 септември 2018 (МИА)  - Министерството за информатичко општество и администрација до крајот на месецов треба да формира работна група за примена на четвртиот Национален акциски план за отворено владино партнерство за периодот 2018-2020 година, што го усвои Владата на денешната седница.

- Новиот документ вклучува широк спектар на активности кои Владата ќе ги преземе во следните две години со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста на власта, подобрување на ефективноста на институционалните механизми за пристап до информации, пристап до правда, фискална транспарентност, управувањето со податоците и чувањето регистри во државните и во јавните институции, како и зголемување на стандардите за интегритет и поголем пристап до технологија за сите граѓани на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.

Првиот Национален акциски план за отворено владино партнерство беше усвоен во 2012 година.лв/хс/18:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ