Прифатени измени на програмата за потребите од специјалистички кадар

Прифатени измени на програмата за потребите од специјалистички кадар

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Владата на редовната 88-ма седница прифати програма за изменување на програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи за 2018 година.

- Програмата е изготвена врз основа на податоците и консултациите со јавните здравствени установи во Република Македонија, кои потоа беа предмет на детална анализа за потребите од здравствениот кадар во сите јавни здравствени установи, соопшти владината прес-служба. 

Реализацијата на оваа програма ќе овозможи обезбедување на потребниот број стручен кадар за нормално, квалитетно, ефикасно, континуирано, ефективно и рационално вршење на здравствените услуги во јавните здравствени установи. хс/лв/18:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ