Ракетиран аеродромот во Триполи

Ракетиран аеродромот во Триполи

Триполи, 12 септември 2018 (МИА) - Аеродромот „Митига“ во либискиот главен град Триполи е ракетиран ноќеска, при што, според вооружената група која го држи под контрола, немало жртви или материјална штета.

„Митига“ е една од главните врски на Либија со светот, а во време на нападот кон него патувал патнички авион кој полетал од Александрија во Египет. Леталото е пренасочено кон аеродромот во Мисрата, поради заканата од ракетниот напад.

Повеќе вооружени групи водат борби за контрола врз Триполи откако либиската Влада се обиде да расформира единица на армијата во чија лојалност се сомневаше. Тоа предизвика бунт и улични пресметки во градот.

Аеродромот „Митига“ беше затворен од 31 август до 6 септември поради борбите во Триполи, а беше повторно отворен со помош на Обединетите нации.

Одговорност за нападот презеде група која се нарекува Младинско движење на Триполи. цч/сп/07:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...