• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Германскиот министер за надворешни работи не исклучи учество на Берлин во напади против Сирија

Германскиот министер за надворешни работи не исклучи учество на Берлин во напади против Сирија

Берлин, 12 септември 2018 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас не исклучи учество на земјата во напади врз Сирија ако Владата во Дамаск употреби хемиско оружје против бунтовниците во провинцијата Идлиб, но увери дека Берлин ќе донесе „самостојно решение“.

Евентуални напади против Сирија од понеделникот се тема на жестока дебата во Германија откако весникот „Билд“ информира дека Министерството за одбрана разгледува барање од САД за учество на Бундесверот во евентуални воени дејствија во Сирија, потсетува агенцијата ДПА.

- Ние ќе донесеме самостојна одлука согласно основните принципи на германскиот Устав и, се разбира, меѓународното право, изјави Мас за ДПА.

Тој рече дека Берлин се уште не добил официјално барање од Вашингтон.

- Конкретно барање може да се упати само кога се користи отровен гас и кога другите земји одлучиле да одговорат со воена сила. Дотогаш се фокусираме на политичкиот дијалог за да спречиме хуманитарна криза, рече германскиот министер за надворешни работи.

Германија не учествуваше во заедничките воздушни напади на САД, Франција и Велика Британија против Сирија во април, кои беа извршени откако сириската армија уби десетици луѓе во хемискиот напад во градот Дума, во близина на главниот град Дамаск. јт/07:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...