• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Масовни протести за независност на Каталонија

Масовни протести за независност на Каталонија

Барселона, 12 септември 2018 (МИА) - Неколку стотици илјади луѓе протестираа синоќа во Барселона и други градови во шпанската област Каталонија, повикувајќи на независност и на ослободување од затвор на лидерите на каталонското сепаратистичко движење.

- Да создадеме Каталонска Република, извикуваа демонстрантите, кои при тоа соборија слика од шпанскиот крал Фелипе Шести.

Организаторите проценуваат дека на протестите излегле 470.000 луѓе.

Собирот доаѓа малку пред годишнината од референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија, на кој мнозинството од Каталонците што го искористија своето право на глас се изјанија за независност.

Шпанската Влада го прогласи референдумот за противуставен и одговори со кривични прогони на водечките каталонски сепаратистички политичари, од кои дел се или во затвор или во егзил. цч/сп/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...