Изменет режим на сообраќај на делницата Фариш-Дреново

Изменет режим на сообраќај на делницата Фариш-Дреново

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Поради градежни работи од денеска се воведува времена измена на режимот на сообраќај на делницата Фариш-Дреново на експресниот пат Прилеп-Градско.

Според најавата од изведувачот на работите, шпанската Констракшн Рубау А.Д. Гирона, градежните активности почнуваат почнуваат денеска во седум часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 до 15:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00, 11:00, 13:00 и 15:00 ч. и ќе траат околу 30-45 минути. По 15:45 часот, сообраќајот ќе се нормализира.

Утре градежните работи ќе почнат исто така во седум часот, а прекините ќе бидат од 09:00 до 11:45 часот, односно во 09:00 и 11:00 и со траење од околу 30 до 45 минути. Сообраќајот ќе се нормализира по 11:45 часот.лв/са/07:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ