• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Хуремовиќ (ФЕНА): МИА е најдобар промотор на богатата традиција и култура во Македонија.

Хуремовиќ (ФЕНА): МИА е најдобар промотор на богатата традиција и култура во Македонија.

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Директорот на босанската новинска агенција ФЕНА, Елмир Хуремовиќ во интервју по повод 20-годишниот јубилеј на МИА истакна дека Агенцијата во регионот претставува важен и клучен извор на веродостојни и точни информации.

Како ја оценувате досегашната соработка со МИА?

- ФЕНА има исклучително добра долгогодишна соработка со МИА и ја сметаме за сестринска агенција. Соработката меѓу нашите агенции е пример како брзо се разменуваат информации кои се од голема важност за јавноста во двете држави. Со задоволство можам да кажам дека никогаш не сме имале ниту еден проблем или лошо искуство во меѓусебната соработка.

Каква е според Вас улогата на МИА во регионот?

- Како и останатите новински агенции во балканските земји, така и МИА е важен и клучен извор на веродостојни и точни информации. Имајќи ја предвид целосната состојба на медиумската сцена во регионот и проблемот со лажните вести, кои се шират низ порталите и социјалните мрежи, значењето на МИА и другите респектабилни агенции во регионот ќе биде се поголемо.

Која е Вашата порака за МИА по повод 20-годишниот јубилеј?

- На раководството и вработените во МИА им посакуваме и во следните 20 години Агенцијата да биде доверлив извор на информации за настаните во Македонија, но и најдобар промотор на богатата традиција, култура и туризам на оваа убава земја, која многумина во БиХ ја сметаат за „соседна“, иако не е така во географска смисла. Пред вас се нови технолошки и професионални предизвици и верувам дека на нив, како и досега, ќе знаете да одговорите.

Габриела Точко

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ