Поенти референдум: Власта и опозицијата да бидат заедно во клучните моменти

Поенти референдум: Власта и опозицијата да бидат заедно во клучните моменти

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Власта и опозицијата да бидат заедно бидејќи се работи за иднината на државата и за иднината на следните генерации. Направен е компромис со Грција, но со договорот се заштитени македонскиот јазик и идентитет, а придобивките од влезот во НАТО и во ЕУ се огромни, како од безбедносен така и од економски аспект, порачаа поддржувачите на референдумското „За“.
Заев Гостива референдум
 
- Испраќам порака и до Христијан Мицкоски и до граѓаните, заедничка ни е државата, по ова прашање треба да застанеме заедно, затоа што влогот се идните генерации на државата. Имаме одговорност да ја осигуриме таа иднина. Како што консезуално одлучивме во 1991 година за независна Македонија, сега мора да одлучиме Македонија да оди напред и да биде земја со која сите ќе се гордееме, изјави вчера премиерот Зоран Заев на трибината во Делчево.
 
Поддржувачите на референдумот оценуваат дека сега е моментот кога треба да ѝ покажеме на Европа дека сме европски граѓани и додаваат дека треба да се искористи историската шанса што ни се нуди. 
ЕУ НАТО
 
- Вратите ни се отворени и светот ни подаде рака. Само за неколку дена во Македонија во посета пристигнаа најмоќните луѓе во светот. Тоа покажува дека на 30 септември навистина имаме историска одговорност, да ја искористиме таа шанса и во наше име и во име на сите следни генерации. Десет години нѐ убедуваа дека Македонија мора да тоне во изолација, затоа што светот не нѐ сака. Овие денови покажуваме дека тоа било лага. Покажуваме дека светот знае да ги цени напорите коишто ги направивме изминатата година, истакна министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во Пробиштип.
 
За приврзаниците на коалицијата „Излези за европска Македонија“, со влезот во НАТО и во ЕУ, ќе имаме безбедни граници, раст на економијата, зголемување на странските инвестиции и на извозот, достоинствени приходи за граѓаните, сигурна иднина и прерспектива за младите да останат во државата, развој на претприемачкиот дух и квалитет во образованието.  
 
- Ако сакаме перспективи со достоинствени приходи, сите знаеме дека мора да се отвориме како држава. Со интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, ние никогаш повеќе не треба да стравуваме за својата безбедност. Тоа е уште една голема придобивка за државата, истакна Заев вчера од Македонска Каменица.
 
Првиот човек на Собранието, кое е носител на кампањата за референдумот, верува дека 30 септември ќе биде успешен и оти ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште може да се вклучи во кампањата.
Талат Џафери .jpg
 
- Верувам во граѓаните, како што тие веруваа во мене, во институциите, во партиите што ги поддржуваа досега и затоа сум убеден дека на крајот граѓаните ќе рефлектираат со излезноста неопходна да се реши прашањето за името и конечно да станеме членка на ЕУ и на НАТО, вели во интервју за МИА, Талат Џафери.
 
Странските дипломати во државата апелираат македонските граѓани да ја зграпчат шансата и да гласаат на референдумот, бидејќи со поддршката за договорот се обезбедува место на масата на НАТО и просперитетна демократија.
Бејли во МАНУ
 
Американскиот амбасадор Џес Бејли на научната дебата во МАНУ  истакна

 дека Договорот од Преспа е резултат на тежок компромис.

 

 

 

 

- Не постои совршен договор и се согласувам со вашиот министер за надворешни работи, нема подобар договор што може да се заклучи по 27 години преговарање. Тоа е договор којшто ги признава и ги поддржува македонскиот идентитет, јазик и исто така бара да се спроведе името на државата и нејзините институции..., вели Бејли.
 
Поддржувачите на референдумот им порачуваат на граѓаните да не дозволат никој да ги убедува со контрааргументи доколку нема аргументи „против“, туку да излезат и да го изберат вистинскиот пат за Македонија. бак/дма/09:05

###

 
 
 
 
 
 
 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...