• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Се зголеми бројот на жртви од катастрофалните пожари во Атика

Се зголеми бројот на жртви од катастрофалните пожари во Атика

Атина, 12 септември 2018 (МИА) - Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека од 99-те жртви, 83 ги загубија животите во пожарите и беа идентификувани во Институтот за судска медицина, а 16 починаа во болниците од здобиените сериозни повреди во игнената стихија. ср/сп/09:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.