• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Австриски новинар уапсен во Турција

Австриски новинар уапсен во Турција

Анкара, 12 септември 2018 (МИА) - Припадници на турските антитерористички служби го уапсија австрискиот новинар Макс Цирнгаст, кој повеќе години живее и работи во Турција.

Според организацијата „Репортери без граници“, Цирнгаст бил уапсен поради неговите левичарски политички ставови, кои ги изнесувал во Турција.

Австриското Министерство за надворешни работи потврди дека еден државјанин на Австрија вчера бил уапсен во Турција, но засега не изнесе повеќе детали.

Порталот „Ре:волт“ и списанието „Јакобин“, за кои работел Цирнгаст, тврдат дека тој бил „посветен левичарски активист“, а учествувал и во кампањата на курдската Демократска партија на народите (ХДП), чиј лидер Селахатин Демирташ неодамна беше осуден на затворска казна под обвинение за тероризам.

јакобин австриец турција

„Ре:волт“ наведе дека иако Цирнгаст бил уапсен под обвинение за тероризам, сепак најверојатна причина за неговото лишување од слобода се „политичките публикации“. 

- Различните политички мислења на можат да бидат оправдување за апсења и заплашувања, какви што сѐ повеќе и повеќе се случуваат во Турција, соопшти австриската подружница на „Репотери без граници“.

Од обидот за преврат во јули 2016 година, во Турција беа уапсени десетици новинари. Поголемиот број од нив, како што наведува „Дојче веле“, беа упасени под обвинение за терориситичка пропаганда. цч/сп/10:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ