Штипјанец со фалсификувана диплома напредувал во службата

Штипјанец со фалсификувана диплома напредувал во службата

Скопје, 12 септември (МИА) - Штипјанец со иницијали Г.Д. (51) е осомничен дека со фалсификувана диплома напредувал на работното место, поради што полицијата му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека пријавениот во 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија. На 30 септември 2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде е вработен, го приложил за добивање решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.лв/са/10:25

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...