• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Судењето за „Титаник“ одложено за 24 септември поради болест на Протуѓер

Судењето за „Титаник“ одложено за 24 септември поради болест на Протуѓер

Скопје, 12 септември, 2018 (МИА) - Поради болест на обвинетиот Мартин Протуѓер судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 24 септември.

Адвокатот на Протуѓер, Дончо Наков, на судот достави лекарска документација и објасни дека обвинетиот ноќеска во два часот бил однесен на ургентен центар.

Обвинителката Лиле Стефановска, рече дека со лекарската потврда се докажува спреченоста на обвинетиот да присуствува на рочиштето, но таа е со важност од седум дена.

На денешното рочиште беа присутни сите останати обвинети.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. бк/аа/10:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...