• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Јункер: Еврото да стане глобална трговска валута

Јункер: Еврото да стане глобална трговска валута

Стразбур, 12 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска во обраќање пред Европскиот парламент побара да се зацврсти улогата на еврото како валута на глобално ниво.

Тој ги повика земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент да „направат повеќе за еврото да ја одигра својата улога“.

- Неверојатно е Европа да ја плаќа својата енергетска фактура во американски долари, кога само два проценти од нашиот енергетски увоз доаѓа од САД, смешно е САД да купуваат европски авиони во долари, сето тоа мора да се смени, порача Јункер.

Тој најави дека Европската комисија ќе поднесе предлози европската валута да стане „активниот инструмент на европскиот суверенитет“, но за тоа да се реализира ЕУ мора прво да си ја „среди куќата“, односно да ја продлабочи економската и монетарната унија.

- Во спротивно нема да имаме кредибилни аргументи. Мораме да ја довршиме економската и монетарната унија за еврото да стане посилно, изјави Јункер. тм/сп/10:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...