Во Охрид ќе се одржи 4. Меѓународна олимпијада по француски јазик

Во Охрид ќе се одржи 4. Меѓународна олимпијада по француски јазик

Охрид, 12 септември 2018 (МИА) - Средношколци од Македонија, Албанија, Ерменија, Бугарија, Молдавија и Романија кои во образовниот процес го учат францускиот јазик ќе учествуваат на 4-тата по ред Меѓународна олимпијада по француски јазик што од 15 до 19 овој месец ќе се одржува во Охрид.

Пред учесниците на олимпијадата предвидено е да се обратат министерот за образование и наука Арбер Адеми, претставникот од Меѓународната организација за Франкофонија, Сесил Леке-Фолкини, Рени Јотова, директорка на Регионалното биро на Меѓународната организација на Франкофонијата во Букурешт и амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Францускиот јазик го зборува 13 проценти од вкупната светска популација, а Франкофонијата брои 890 милиони жители. Целите на манифестациите што се организираат преку Меѓународната организација на Франкофонијата како што е натпреварувањето во Охрид се промовирање на францускиот јазик и културната и јазична разновидност, промовирање на мирот, демократијата и човековите права, поддршка на образованието, обуката, високото образование и истражувањето, како  и промоција на соработката во служба на одржливиот развој. аб/сст/12:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...