• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Комисијата за категоризација во посета на хотелот „Александар II“

Комисијата за категоризација во посета на хотелот „Александар II“

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Тринаесетчлена комисија од различни институции предводена од министерот за економија Крешник Бектеши денеска го посети скопскиот хотел „Александар II“ со цел да ја утврди неговата категоризација.

Хотелот, како што истакна неговиот директор Спиро Сорогунов веќе работи, но неопходна им е категоризацијата за да знаат посетителите во каков хотел доаѓаат уште кога ќе букираат.

Комисија за категоризација

- Како министер за економија кој ја води постапката за категоризација одлучив денеска да дојдам на лице место и да го видам начинот на кој членовите на комисијата проверуваат дали се исполнети сите услови од хотелиерите и врз основа на што се дава категоризацијата. Тоа го правиме бидејќи сме повеќе од заинтересирани за да има лојална конкуренција во земјава во хотелиерството, изјави Бектеши по посетата на хотелот.

Имајќи во предвид дека континуирано се зголемува туризмот во Македонија, нагласи, многу е важно сите странски и домашни туристи да имаат точен преглед кога букираат во земјава и кога им се нудат хотелските услуги за да дојдат на одмор.

Изјава Бектеши Сорогунов

Директорот Сорогунов посочи дека секоја нова инвестиција во хотелиерството е дополнителен придонес во македонската економија која е во пораст, а со тоа, како што кажа, се повеќе туристи го посетуваат Скопје, но и целата земја.

- На тој начин можеме да им покажеме на другите дека и ние можеме паралелно да одиме со нив и да одиме напред. Ние се направивме за да биде хотелот подготвен, но на комисијата и останува да одреди дали ќе го категоризира со три, четири или пет ѕвезди. Очекуваме категоризацијата да ја добиеме најбрзо што може зашто е во интерс на сите да работиме, изјави Сорогунов.

Хотелот „Александар II“ е во сопственост на АД Караорман кое го поседува и скопскиот хотел „Александар сквер“, а според најавите од директорот Сорогунов се очекува и во иднина да го шири бизнисот во хотелиерството. вј/са/12:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...