Турција ќе ги зголеми каматните стапки

Турција ќе ги зголеми каматните стапки

Анкара, 12 септември 2018 (МИА) - Се очекува турската Централна банка утре да ги зголеми каматните стапки, како уште една мерка за запирање на монетарната криза што ја зафати земјата.

Лирата загуби 40 проценти од вредноста во однос доларот од почетокот на годината, а инфлацијата во август достигна највисоко ниво во изминатите 15 години.

Поради тоа банката најави дека ќе преземе акција за да ги сузбие „значителните ризици за ценовната стабилност“ во пресрет на утрешната средба.

Поради кризата, економскиот раст на Турција забави на 5,2 проценти од БДП во вториот квартал на годината.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сепак, повеќе пати бараше од банката да ги држи каматните стапки ниски, велејќи дека „каматитт се извор на секое зло“. цч/сп/13:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...