Планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола

Планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на Блок 1 поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот, информира АД „Електрани на Македонија“, Подружница РЕК Битола.

Оттаму нагласуваат дека РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2.

- АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство, велат од РЕК Битола.вј/са/13:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ