• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

За комунална инфраструктура најавени 170 милиони евра, општините да подготват проекти

За комунална инфраструктура најавени 170 милиони евра, општините да подготват проекти

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Преку Министерството за транспорт и врски за подобрување на комуналната инфраструктира во наредниот период ќе бидат обезбедени 170 милиони евра, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Седумдесет милиони евра ќе бидат наманети за изградба и санација на локалните патишта преку Светска банка. Покрај 13 милиони евра што општините се уште не ги искористиле од кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за водоводна и канализациска мрежа, од истата банка за таа намена се преговара за уште 50 милиони евра. Дел од најавениот пакет се и 50-ина милиони евра  со пренамена на парите што турски ТАВ требаше да ги инвестира во карго аеродром, а дел од буџетите на јавните претпријатија за водоводни и канализациски системи.

На овој начин, нагласи Сугарески, сметаме дека покрај основните буџети кои ги имаат општините државата во голема мерка ќе им помогне во решавање на проблемите од комуналната инфраструктира.

- Со оваа мерка ќе го помогнеме развојот на сите општини и апелирам до градоначалниците и за постоечките неискористени пари и за идните да работат на проекти со цел во наредните неколку месеци тие да бидат готови и следната година со почетокот на градежната сезона да почнеме со нивна реализација, потенцира Сугарески на прес-конференција.

При посетите на терен и согласно со анализите на надлежните институции е утврдено дека локалните патишта се во лоша состојба, а особено во Источниот регион. Проценките се дека се оштетени 1000 километри патишта. Досега 30-ина општини веќе доставиле информација до ресорното Министерство кои им се приоритетни патишта за санација.  Критериуми за распределба на финансиите ќе бидат процентот на развиеност на општините, површината на општината, бројот на населението и населените места.

Истатата методологија ќе се однесува и за добивање пари за изградба на водоводна и канализациска мрежа. Од неискористените 13 милиони евра, пет милиони евра со утврдената рамка се за општини кои досега не аплицирале со ниту еден проект.

Како што велат од Министерството, доколку новите средства од ЕИБ се спојат со претходните и се направи нова методологија би им се овозможило на активните општини да почнат да трошат од средствата, односно неискористените да се потрошат многу побргу.лв/скс/14:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ