• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Албанија внимателно следи се околу дијалогот Косово-Србија, ветува помош

Албанија внимателно следи се околу дијалогот Косово-Србија, ветува помош

Тирана,12 септември 2018 (МИА) - Албанија внимателно следи се што е во врска со дијалогот Белград-Приштина, рече денеска претседателот Илир Мета.

Toj додаде дека официјалната Тирана е подготвена да му помогне на Косово, како што најави, во сите фази од процесот.

Мета го нагласи тоа по разговорите со претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели и истакна дека Косово мора да има широк политички консензус за тоа прашање и ја повика косовската опозиција да преземе одговорност и да учествува во развојот на платформата и формирање тим за дијалог.

Мета претходно зборуваше за процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина со претседателот на опозициското движење Самоопределување, Албин Курти, и во неделата со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Весели денеска по разговорите со Мета, ги повика претставниците на власта и опозицијата во Приштина да се обединат во врска со дијалогот со Белград, за кој смета дека е во последната фаза.

Според него, „Косово ќе инсистира на меѓусебно признавање независност и отворање на патот за членство на Приштина во ОН, ЕУ, НАТО и други меѓународни институции ".

Тој повтори дека за тоа е неопходен широк консензус на парламентарните политички субјекти.вт/зш/18:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...