• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Кина: деветмина мртви, 43 повредени откако автомобил удрил во група луѓе

Кина: деветмина мртви, 43 повредени откако автомобил удрил во група луѓе

Пекинг, 12 септември 2018 (МИА) - Девет лица загинаа, а 43 се повредени откако маж со автомобил влезе на плоштад преполн со луѓе во Кина, јави Би-Би-Си.

Според други медиуми, во нападот загинале три лица.

Инцидентот се случи во јужниот дел на Кина, во градот Хенгјанг, околу 20 часот по локално време.

На социјалните мрежи се објавени снимки и фотографии на кои се гледаат повредени лица како лежат на земја по несреќата додека полесно повредените се обидуваат да им помогнат. На снимките се гледа и како луѓе трчаат во обид да избегаат од автомобилот.

Полицијата го приведе 54-годишниот маж, одговорен за инцидентот, а маса луѓе се обиде да го нападне.

За време на инцидентот на плоштадот се случувал настан поврзан со танцување.

Засега нема индикации дека станува збор за терористички напад. ссм/18:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...