• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Референдумот во Романија за промена на уставната дефиниција на семејството ќе се одржи на 6 и 7 октомври

Референдумот во Романија за промена на уставната дефиниција на семејството ќе се одржи на 6 и 7 октомври

Букурещ, 18 септември 2018 (МИА) – Референдумот во Романија за промена на уставната дефиниција на семејството ќе се одржи на 6 и 7 октомври, соопшти премиерката Виорика Данчила.

- Уставниот суд на Романија одобри организирање референдум. Во моментов се исполнети сите критериуми. Согласно законот, Владата има обврска да го организира гласањето. Референдумот ќе се одржи на 6 и 7 октомври, изјави Данчила.

Граѓанската иницијатива за промена на Уставот, за да се детализира дека семејство се заснова врз основа на брак меѓу маж и жена, а не меѓу сопружници, како што е во моментов, собра три милиони потписи.

Откако проектот беше одобрен во Парламентот, Уставниот суд оваа недела даде зелено светло за организирање на референдум.

Прашањето, на кое Романците ќе треба да одговорат е: „Дали се согласувате со законот за ревизија на Уставот на Романија во формата, одобрена од Парламентот?", информира владиниот портпарол Нелу Барбу.

Премиерката Данчила истакна дека референдумот „не е против сексуалните малцинства, туку е резултат на една граѓанска иницијатива“. Таа исто така ги повика партиите јасно да ги кажат своите ставови, наместо да го бојкотираат гласањето.

Претседателот на владејачката Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа ја поздрави одлуката на Парламентот со која ја одобри граѓанската иницијатива за ревизија на Уставот. јт/19:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...