• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Де Мистура повика на воздржаност по уривањето на рускиот авион

Де Мистура повика на воздржаност по уривањето на рускиот авион

Њујорк, 18 септември 2018 (МИА) - Пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура ги повика Русија, Сирија и Израел да се воздржат од воени операции, откако сириската противвоздушна одбрана по грешка урна руски авион со 15 лица во него, мислејќи дека е израелски.

- Нова воена операција само би ја влошила и онака веќе тешката состојба во Сирија, изјави Де Мистура пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Де Мистура особено изрази загриженост што инцидентот со рускиот авион се случува во време кога претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, постигнаа договор да се одложи планираната операција против бунтовниците во областа Идлиб. цч/сп/19:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...