• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

ЕУ не донесе одлука за продолжување на постапката против Полска

ЕУ не донесе одлука за продолжување на постапката против Полска

Брисел, 18 септември 2018 (МИА) - Советот на ЕУ денеска ниту разгледуваше, ниту донесе одлука за понатамошно продолжување на казнената постапката против Полска врз основа на членот 7 од Повелбата на Унијата, соопшти австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел.

- Се уште се надеваме дека е можно да дојдеме до договор со Варшава, изјави Блимел, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Блимел нагласи дека на денешното заседание Советот на ЕУ не разговарал, ниту за предлогот на Европскиот парламент за покренување слична постапка и против Унгарија. Според Блимел, Советот допрва ќе оценува што треба да преземе врз основа на предлогот на европратениците.

Во врска со постапката против Полска, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс изјави дека „вестите не се добри и дека времето истекува“.  

Франс Тимерманс

- Од првото сослушување на Полска во текот на јуни, па досега, состојбата не е подобрена. Препораките на Комисијата не беа спроведени и започна процедурата за именување нови врховни судии во спротивност со европските заложби, нагласи Тимерманс. 

Тој нагласи дека однесувањето на Варшава не укажува оти полските власти ги прифаќаат заложбите на Европската комисија.

- Се надевам дека за многу брзо време полската Влада ќе се изјасни дали ќе продолжи да ги почитува сите одлуки на Судот на ЕУ. Согласно  случувањата ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да го направиме она што е потребно. Тоа е итно, нема време за губење, можно е случајот да биде упатен до Европскиот суд, изјави Тимерманс.

Активирањето на членот 7 пртоив некоја земја членка на Унијата значи дека неа би и било одземено правото на глас во Советот на ЕУ. Брисел ја обвинува Полска за непочитување на принципот за независноста на судската власт, а Унгарија за нарушување на владеењето на правото, контрола врз медиумите, корупција и прекршување на европските стандарди и вредности. сп/19:25

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...