• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Мадрид: На градилиште на хотелот Риц загина работник, 11 се повредени

Мадрид: На градилиште на хотелот Риц загина работник, 11 се повредени

Мадрид, 19 септември 2018 (МИА) - На градилиште на луксузен хотел во центарот на Мадрид вчера загина работник, при уривање на скеле на кое работел, а најмалку 11 лица се повредени.

Според соопштението на брзата помош, железното скеле на шестиот кат на хотелот Риц паднало околу 16 часот, со себе уривајќи ја конструкцијата и работниците кои биле на неа пет ката пониско.

Повеќето работници се спасиле сами и набрзо примиле лекарска полом, а двајца се хоспитализирани и се во тешка состојба.

Пожарникарите извлекле три лица од под урнатините со повреди од среден степен, а се обидувале да го извлечат и телото на настраданиот работник. 

Локалната полиција ја испитува причината за несреќата, која брзата помош на Твитер ја  окарактеризира како „несреќа на работно место“.

Овој хотел е затворен поради реновирање во март годинава.ир/јт/07:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...