• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Мета - Милард: Позитивниот резултат од референдумот во Македонија од големо значење за европската иднина на регионот

Мета - Милард: Позитивниот резултат од референдумот во Македонија од големо значење за европската иднина на регионот

Тирана, 19 септември 2018 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета и Елизабет Милард, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт департментот, на денешната средба во Тирана, меѓу другото, разговарале и за референдумот во Македонија, закажан за 30 септември.

Заеднички став на двајцата соговорници е дека позитивниот резултат на референдумот е од големо значење за европската иднина не само за Македонија туку и за целиот регион.

Мета ја запознал високата гостинка дека Албанија ги повикала Албанците во Македонија да излезат и да гласаат „за“ на  референдумот и додал дека посакува први октомври да отвори нова перспектива во евроатлантската интеграција на Македонија. 

Задржувајќи се и на други прашања од случувањата на Балканот, Мета и Милард размениле мислења и околу дијалогот Косово - Србија.

- Од посебна важност е финализирањето на дијалогот Косово - Србија со постигнување договор. Договорот Косово - Србија гарантира европска перспектива, ги консолидира меѓуетничкиот соживот и мирот во регионот, оценил притоа Мета.

На средбата од посебна важност е оценет текот на реформите во Албанија во правец на зајакнување на правната држава.

Претседателот Мета гарантирал дека неговата земја е одлучна во исполнувањето на обврските што произлегуваат од документот за стратегиското партнерство Албанија - САД.

Елизабет Милард, заменик–помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт департментот, во Албанија ќе престојува три дена. вт/вг/16:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...