• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Туск до лидерите на ЕУ: Не ја користете миграцијата за политички поени

Туск до лидерите на ЕУ: Не ја користете миграцијата за политички поени

Салцбург, 19 септември 2018 (МИА) - Дојде време да најдеме решение за европската главоболка со миграцијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, порачувајќи им притоа на лидерите на земјите членки на ЕУ да престанат да го користат прашањето со миграцијата за политички поени.

- Вечерва ќе ги повикам лидерите да престанат со играта на обвинувња за врска со миграцијата. Повеќе не можеме да се делиме на оние што сакаат да се реши проблемот со илегалниот мигрантски прилив и на оние, кои ова прашање сакаат да го користат за добивање политички поени, изјави Туск пред почеткот на Самитот на ЕУ, што денеска и утре се одржува во австрискиот град Салцбург.

Како што јави ДПА, Туск им порача на лидерите на земјите членки на ЕУ конечно да се зафатат со решавање на проблемот со миграцијата. 

Доналд Туск

Иако во текот на годинава бројот на мигранти што простигнаа во државите во Јужна Европа е помал во споредба со претходните неоколку години, последниве месеци прашањето со миграцијата одново се најде на врвот на агендата на ЕУ.

Италија, Австрија и уште неколку земји од Централна Европа сметаат дека единствен начин за запирање на илегалната миграција е зајакнување на контролата на надворешните граници на ЕУ, но во исто време дел од нив се противат на своја територија да примат баратели на азил што влегле во Унијата. 

Претходно денеска, австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, изјави дека неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Грција, Италија и Шпанија, се скептични кон идејата за проширување на мандатот на Европската агенција за контрола на границите - Фронтекс.

курц еу ЕПА

Европската комисија предложи бројот на припадниците на Фронтекс до 2020 година да се зголеми до 10.000, при шпо тие би имале поголеми овластувања во контролата на надворешните гранции на ЕУ, со цел да се спречи приливот на мигранти. 

Земјите од Јужна Европа можеби и не се особено незадоволни затоа што многу од мигрантите би можеле да го продолжат својот пат кон Централна Европа, рече Курц, додавајќи дека многу од овие држави „поради недостиг на средства или негрижа“ им дозволуваат на мигрантите да ја напуштат нивната територија без да бидат регистрирани дека влегле во ЕУ.

Главни иницијатори на реформите на Фронтекс се Германија и Франција, кои на Самитот во Салцбург ќе се обидат да ги убедат останатите членки на Унијата да се согласат со предлозите. сп/17:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...