• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Москва ги поздрави резултатите од средбата Ким-Мун

Москва ги поздрави резултатите од средбата Ким-Мун

Москва, 19 септември 2018 (МИА) - Русија денеска ги поздрави резултаите од средбата во Пјонгјанг меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и го повика Вашингтон да преземе соодветни чекори во врска со одлуките на Северна Кореја да уништи полигон за ракетни проби и својата главна нуклеарна постројка.

- Го поздавуваме договореното на преговорите меѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја во Пјонгјанг. Во заедничката Декларација од Пјонгјанг, усвоена по меѓукорејската средба, двете земји ги потврдуваат своите заложби за претворање на Корејскиот Полуостров во зона на мирот и се согласуваат да ја зајакнат соработката во политичката, воената, економската и хуманитарната сфера. се нагласува со соопштение на руското Министерство за надворешни работи. 

Во текстот се нагласува дека Русија од секогаш се залагала за зајакнување и придвижување на меѓуккорејскиот дијалог и се повикуваат „сите заинтересирани држави да вложат напори за што поскоро и целосно решавање на нуклеарниот и другите проблеми на Корејскиот Полуостров“.

Руското Минситерство ги повикува САД како одговор на најавените отстапки на Пјонгјанг да преземат конструктивни чекори во согласност со заложбите од сребата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким на 12 јуни во Сингапур.

Истовремено, во соопштенотпо се посочува дека нема никави докази за обвинувањата на САД дека Русија ги крши сакциите на ОН кон Пјонгјанг, со тоа што наводно овозможува бродски трансфери на стоки за кои е воведена забрана за извоз во Северна Кореја, меѓу кои и нафта и јаглен. сп/19:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...