• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Јункер: Се уште сме далеку од договор за Брегзитот

Јункер: Се уште сме далеку од договор за Брегзитот

Салцбург, 19 септември 2018 (МИА) - Европската Унија и Велика Британија се уште се доста далеку од договор за Брегзитот, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Салцбирг, каде учествува на Самиот на ЕУ.

Извори од Брисел инфромираа дека преговарачките страни усогласиле поголем дел од договорот за истапување на Велика Британиај од ЕУ, но дека и натаму има „сериозни разлики“ во врска со трговските односи и границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.

Според истите извори, доколку овие разлики не бидат надминати, би можеле да доведат до пропаѓање на целиот преговарачки процес. 

Британскиот премиер Тереза Меј претходно денеска ги повика лидерите на ЕУ да земат пример од неа и да направат отстапки од своите позиции со цел да биде постигнат компромисен договор.

- Уверена сум дека со добра волја и решителност можеме да постигнеме договор, што ќе биде добар за двете страни, изјави Меј. сп/21:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...