• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Десет загинати и десетици исчезнати при свлечиште на Филипините (ДПЛ)

Десет загинати и десетици исчезнати при свлечиште на Филипините (ДПЛ)

Манила, 20 септември 2018 (МИА) - Најмалку 10 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а десетици други се водат како исчезнати, при лизгање на земјиштето во централниот дел на Филипините.

Свлечиштето, кое било предизвикано од поројните дождови што деновиве го зафатија тој дел од Филипините, однело најмалку 30 куќи.

Од погодените области се евакуирани 300 луѓе, а акцијата за спасување е во тек. Се стравува дека најмалку 64 лица се затрупани под урнатините.

Филипинските медиуми јавија дека две лица кои во својот дом останале затрупани под наносот на свлечиштето испратиле СМС-пораки со барање за помош.

Минатиот викенд Филипините беа погодени од ураганот Мангхут, при што загинаа 88 лица. ир/сп/11:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...