• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Нема напредок на самитот за брегзит во Салцбург

Нема напредок на самитот за брегзит во Салцбург

Салцбург, 20 септември 2018 (МИА) - Велика Британија и нејзините партнери од Европската Унија ниту денеска, на вториот ден од неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Салцбург, не успеаја да постигнат напредок во преговорите за брегзит, најмногу поради  ненадминливите разлики околу тоа како на најдобар начин да се избегне воспоставување цврсти граници во Ирска.

Претходно беше објавено дека некои европски официјални претставници кажале дека првиот ден од неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Салцбург е завршен без напредок, кога станува збор за можностите за договор меѓу Велика Британија и Унијата за брегзит.

Во меѓувреме, лидерите на Европската Унија одлучија дека ќе се одржи уште еден самит за брегзит на 17 и 18 ноември, информираат неименувани дипломатски извори.

Според официјални претставници на ЕУ, се уште треба да се договорат за некои детали околу времето на организирање дополнителен самит, на кој Унијата и Велика Британија се надеваат дека ќе постигнат договор за брегзит.
Сите лидери, вклучително и британската премиерка Тереза ​Меј,  сакаат да се реши најголемата загатка на Велика Британија - како стоката да продолжи слободно да се движи меѓу Велика Британија, заедно со Северна Ирска и Република Ирска.

Меј го одби предлогот на ЕУ, Северна Ирска да се задржи во царинска унија со тој блок, ако Велика Британија и Унијата не постигнат договор за одржување на целата граница меѓу ЕУ и Велика Британија отворена.

Наместо тоа, британската премиерка предложи временски ограничени царински аранжмани, кои би ја опфатиле цела Велика Британија.ир/15:52

###



 
        

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...