• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски ги повика кумановци да го поддржат референдумот

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски ги повика кумановци да го поддржат референдумот

Куманово, 20 септември 2018 (МИА)Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, пратеникот и претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски и претседателот на општинската организација Севџан Сулејмановски, ги повикаа граѓаните на Куманово да гласаат „за“, на престојниот референдум.

Министерот Ахмедовски ги повика граѓаните  да излезат и да го дадат својот глас за европска Македонија. Тој потсети и на рефрендумот во 1991 година кога граѓаните дале поддршка за самостојна и независна Македонија.

- Сега на овој референдум кој е тесно поврзан со претходниот сакаме да го дадеме својот глас за влез во ЕУ и НАТО. Сметаме дека овие два сојуза се едни од најмоќните, ќе ни овозможат стабилност и мир, а во исто време и економски просперитет. Тоа особено се однесува на ромската етничка заедница, изјави министерот.

Ахмедовски пред кумановци истакна  дека вредностите и критериумите на европските дражви треба да почнат да се применуваат и во Македонија. Пратеникот Ибраимовски нагласи дека Ромите секогаш биле на страната која што е подобра за државата. И тој очекува дека со влезот на македонија во НАТО и ЕУ ќе има поголема социјална правда, безбедност, вработување, правична застапеност. ам/сст/15:58

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...