• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Ручи ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат и да гласаат „за“ на референдумот

Ручи ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат и да гласаат „за“ на референдумот

Тирана, 20 септември 2018 (МИА) – Претседателот на албанскиот парламент, Грамоз Ручи ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат и да гласаат „за“ на  референдумот што ќе се одржи на 30 септември.

Како што оценил на средбата во Тирана, со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, позитивниот резултат на референдумот е многу значаен за европската иднина на Македонија и целиот регион.

- Политичките сили и институциите на централната и локалната власт предводени од Албанци треба да дадат јасна порака за поддршка на референдумот. Ние Албанците, сме важен фактор на стабилност не само за Македонија, туку и за целиот регион. Позитивно е дека албанските политички сили главно се за референдумот и тоа треба да биде проследено со поддршка од страна на албанските гласачи, изјави Ручи.

Тој додава дека улогата на општина Тетово е клучна за обезбедување на учеството на Албанците на референдумот и нагласува дека „Албанците не треба да ја изгубат оваа историска шанса“.

Градоначалничката Арифи го посочи фактот дека политичките сили и Албанците во Македонија го подржуваат референдумот и ќе гласот „за“.

-Успехот на референдумот на 30-ти септември го отвора патот за други позитивни промени во Македонија, кои имаат и ќе имаат поддршка и од меѓународниот фактор. Меѓународниот фактор, по ова прашање, како ретко до сега, ги подржува прогресивни сили во Македонија, кои вложуваат напори да ги решат проблемите, за просперитет, мир и стабилност во регионот, посочи Арифи.

Двајцата соговорниците искажале верба дека Албанците масовно ќе учествуваат на референдумот на 30 септември и оти нивниот глас ќе биде „за“.

Арифи му се заблагодарила на Ручи за подршката што Албанија и Собранието на оваа земја ја даваат во овие моменти за Албанците во Македонија. вт/бк/16:21

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ