• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Ле Роа со поддршка за референдумот како предуслов за интегрирање во НАТО и ЕУ

Ле Роа со поддршка за референдумот како предуслов за интегрирање во НАТО и ЕУ

Скопје, 20 септември 2018 (МИА)Евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и претстојниот референдум беа во фокусот на денешната средба на заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата.

Амбасадорот Ле Роа упати силна поддршка за престојниот референдум, како предуслов за нашето конечно интегрирање во НАТО и ЕУ.

- Официјален Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Република Македонија, нагласи Ле Роа на состанокот.

Жерновски истакна дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина.

Тој наведе дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел , членство во ЕУ и во НАТО, се наведува во соопштението на МНР.

- Особено треба да не радува фактот што проектот за интеграција во Европската унија не обединува по етничка линија и тоа не прави уште посилни. Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме по 30. септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите, потенцираше Жерновски на состанокот.

Информираше за реализираните реформи како и напорите, кои Владата ги презема во насока на отпочнување на преговори со ЕУ во 2019 година и за членство во НАТО. ац/бк/16:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...