• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Турција ќе продолжи со прекуграничните операции во Сирија

Турција ќе продолжи со прекуграничните операции во Сирија

Истанбул, 21 септември 2018 (МИА) - Турција ќе продолжи со прекуграничните операции, чија цел е пронаоѓање и отстранување на терористи. Ова е наведено во изјавата на Националниот совет за безбедност на земјата.

Советот се состана вчера под раководство на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Средбата траеше пет часа.

- Прекуграничните операции на турската армија против терористите во Сирија ќе продолжат како досега, додека бидат исчистени сите региони од терористите. Фатените терористи,  надвор од границите на Турција, ќе бидат предадени на турското правосудство, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност .

На седницата било дискутирано за постигнатиот договор со Русија за запирање на нападите во демилитаризираната зона во Идлиб.
Тоа се смета за особено важно од турската страна.ир/ссм/08:01

###


Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.