• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Отворено пријавувањето за 15. Виз ер Скопски маратон

Отворено пријавувањето за 15. Виз ер Скопски маратон

Скопје, 21 септември 2018 (МИА) - Пријавувањето за учество на 15. Виз ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 5 мај 2019 година, е отворено од денеска и ќе се одвива во неколку фази.

Пријавените во првите три дена, денес, утре и задутре, ќе можат да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите што ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.

- Четиринаесеттиот Виз ер Скопски маратон беше еден од најмасовните спортски настани во Македонија и имајќи ги предвид ангажираноста и пожртвуваноста на организаторите се очекува 15-от да е уште поголем и подобар. Според нив, успехот се должи на сите учесници и поддржувачи, кои го прават Виз ер Скопскиот маратон тоа што е, празник на спортот и здравиот начин на живеење, соопшти тимот на Виз ер Скопски маратон.лв/скс/09:50

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...