• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Промовиран туризмот во земјите од Западен Балкан на 11. Викенд Медиа фестивал во Ровињ

Промовиран туризмот во земјите од Западен Балкан на 11. Викенд Медиа фестивал во Ровињ

Ровињ, 22 септември 2018 (МИА) - Проектот за развој и промоција на туризмот во земјите од Западен Балкан ги претстави своите активности на 11. Викенд Медиа Фестивал кој се одржува во хрватскиот град Ровињ.

Проектот го презентираше Никола Гаон, службеник за комуникации при Советот за регионална соработка.

Никола Гаон

Гаон се осврна на повикот за издавање грантови кои ќе се инвестираат за развој на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на услугите на рутите кои ќе бидат развиени во регионот. Тој, исто така, истакна дека треба да се работи на мотивирање на луѓето во регионот да ги посетуваат локалитетите кои ќе бидат промовирани.

Овој проект за развој и промоција на туризмот, кој е финансиран од Европската унија со пет милиони евра, а имплементиран од страна на Советот за регионална соработка (РЦЦ), работи за консолидација и диверсификација на културната и авантуристичката туристичка понуда во шесте економии од Западен Балкан - Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, развивање на заедничките регионални туристички рути и производи, подобрување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на овие туристички рути и глобално, промовирање на заедничката регионална туристичка понуда.

11. Викенд Медиа Фестивал

Целта е зголемување на бројот на туристи кои го посетуваат регионот, продолжување на нивниот престој, зголемување на приходите и вработеноста во индустријата. Исто така, овој проект треба да придонесе за конкурентноста на економскиот развој во регионот.

Проектот ќе овозможи голем број активности во регионот, во кои ќе бидат вклучени многу засегнати страни, релевантни за развој и промоција на туризмот.

Фестивалот во Ровињ е само еден од настаните со кој ќе се подигне свеста за улогата на туризмот во економскиот раст на регионот. ас/гт/11:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...