• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Мексико: Деветти новинар убиен од почетокот на годината

 Мексико: Деветти новинар убиен од почетокот на годината

Мексико, 22 септември 2018 (МИА) - Дописник на локален весник беше застрелан во јужниот дел на Мексико, јавија тамошните медиуми.
Тоа е деветтото убиство на новинар во земјата од почетокот на годината.

Марио Гомес (35), работел за весникот „Ералдо де Чиапас“. Тој е убиен кога излегувал од својот дом во населбата Јахалон, во јужната мексиканска држава Чиапас, од каде бил дописник на дневниот весник

Гомес веќе осум години работи за „Ералдо де Чиапас“, следејќи ги јавните, политички и судски настани. Неодамна тој се пожалил дека добива закани, изјави анонимен извор од редакцијата на весникот.

Според невладината организација „Репортери без граници" Мексико е втората најопасна држава за извршување на новинарска дејност по Сирија.

Над 100 претставници на медиуми беа убиени во Мексико од 2000 година. Повеќето од тие злосторства без пресуди. ссм/09:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...