• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

МВР: Кај 48 возачи во Скопје утврдено присуство на алкохол во крвта

МВР: Кај 48 возачи во Скопје утврдено присуство на алкохол во крвта

Скопје, 22 септември 2018 (МИА) - Полициските службеници синоќа од 23 часот до 5 часот изутринава во Скопје контролирале вкупно 200 возачи, алкотестирани биле 150 возачи, а кај 48 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Тројца од нив одбиле да подлежат на алкотестирање.

Како што соопшти денеска МВР, се работи за зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Акцијата ја спровело Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје. 

По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, како штос е наведува, преземени се вкупно 144 мерки.

- Исклучени се 51 возач од сообраќај, времено се одземени 40 возачки дозволи, издадени се 58 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози, а против две лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка, се вели во соопштението од МВР. мд/нд/10:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...