• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Танзанија: Бројот на загинати во потонувањето на траектот се искачи на 161 лице

Танзанија: Бројот на загинати во потонувањето на траектот се искачи на 161 лице

Дар ес Салам, 22 септември 2018 (МИА) – Бројот на потврдени жртви при потонувањето на фериботот во езерото Викторија во Танзанија достигна 161 лице, соопштија властите.

Досега се спасени околу 100 лица.

Четворица нуркачи од воената морнарица влегоа утрово на потонатиот брод откако се слушнаа звуци оттаму. Сепак, не беа пронајдени преживеани.

Траектот потона во четвртокот навечер, на само неколку метри од пристаништето на Укерве, најголемиот остров на езерото Викторија. Се претпоставува дека на бродот имало над 300 лица.

Вчера танзанскиот претседател Џон Магуфули нареди апсење на одговорните за бродоломот. ссм/13:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...