• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Албанската полиција разби опасна криминална банда

Албанската полиција разби опасна криминална банда

Тирана, 22 септември 2018 (МИА) – Албанската полиција разби опасна криминална банда, осомничена за повеќе тешки кривични дела што последните месеци се случија во северниот град Скадар.

Уапсени се единаесет членови на групата „Бајри“, додека по двајца се трага.

Повеќето од нив се упасени во Албанија, додека неколкумина во Холандија. Нивното апсење следуваше откако вчера полицијата во Тирана го уапси Енвер Бајри, кој се смета за водач на групата.

- Истрагата околу активноста на групата почна пред шест месеци. Реализирани се десетици часови прислушкувања, размена на информации со партнерите, направени се многу анализи, вршена е контрола од воздух со дрон и постојано следење. Нашата полиција соработуваше со многу колеги, но најмногу со колегите од Холандија, изјави Арди Велиу, генерален директор на албанската полиција, соопштувајќи детали за акцијата насловена „Оаз“.

Според него, како тешки кривични дела за кои се товари групата, документирани се две убиства случени во Скадар, неколку обиди за убиства, како и уцени на повеќе лица со изнуда на големи суми на пари.

Групата „Бајри“ во соработка со други гриминални групи, во и надвор од Албанија, вршела и недозволена трговија со дрога во европските земји по што „заработените“ средства ги инвестирале во Албанија.

Полицијата запленила и неколку парчиња оружје, додека како дел од истрагата, според Велиу, во Велипоја запленет е недвижен имот, хотел и ресторан, за кои постои основано сомнение дека се изградени од средства од криминални активности.

Во Скадар во последните неколку месеци се случија шест убиства, две лица се исчезнати, а регистрирани се и повеќе случаи на киднапирања со барање откуп. вт/ссм/13:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...