• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Во Русија протести поради зголемување на старосната граница за пензионирање

Во Русија протести поради зголемување на старосната граница за пензионирање

Москва, 22 септември 2018 (МИА) - Илјадници луѓе денеска протестираа ширум Русија поради планот на Владата да ја зголеми за пет години старосната граница за пензионирање.

Неколку илјади луѓе учествуваа на собирот во Москва, што беше во организација на Комунистичката партија и другите левичарски групи. Протести имаше и во другите градови во сите 11 руски временски зони.

Планот на руската Влада за зголемување на старосната граница за пензионирање за мажите на 65, а за жените на 60 години, наиде на неодобрување како кај постарите така и кај младите Руси. Повозрасните стравуваат дека нема да доживеат пензија, додека младите наведуваат оти подолгиот работен век ќе ги ограничи нивните шанси за вработување.

Предлогот влијаеше и на падот на популарноста на претседателот Владимир Путин, кој истакна дека е неопходно зголемување на старосната граница за пензионирање. ми/17:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...