• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Адвокатот на Трамп вели дека иранската Влада ќе биде соборена

Адвокатот на Трамп вели  дека иранската Влада ќе биде соборена

Њујорк, 23 септември 2018 (МИА) - Личниот адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, Руди Џулијани (поранешниот градоначалник на Њујорк) изјави дека американските санкции против Иран водат до економски штети, што може да доведе до „успешна револуција". Оваа изјава се разликува од изјавите на владата во Вашингтон дека смената на власта во Техеран не е американска политика.

- Не знам кога ќе ги собориме, рече Џулијани, кој зборуваше во лично својство на настан на Организацијата на иранско-американските заедници, која е против власта во Техеран.

- Може да се случи за неколку дена, месеци, неколку години. Но ќе се случи, рече Џулијани пред публика во хотел на „Тајмс сквер". ссм/09:32

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...