• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Османи: Иванов претставува се она што сакаме на 30 септември да го прекинеме

Османи: Иванов претставува се она што сакаме на 30 септември да го прекинеме

Скопје, 23 септември 2018 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе на референдумот на 30 септември, рече дека шефот на државата „претставува се она од што Македонија сака да излезе на 30 септември“. 

- Можеби на некој начин ова е добро што вака се случи бидејќи господинот Иванов претставува се тоа што сакаме на 30 да го прекинеме. Се тоа од што Македонија сака да излезе на 30 септември го претставува господинот Иванов со неговото дејствување во наредниот период. Добро е што знаеме што очекуваат граѓаните и јасно го правиме контрастот меѓу тоа што треба да одлучиме. Одлуката е меѓу нешто што претставува господинот Иванов и нешто што претставува целиот западен цивилизиран свет кој дојде овој месец во Скопје, но што го претставуваат и огромното мнозинство граѓани на Република Македонија, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата и нагласувајќи дека ова е негов личен став. ев/лв/13:51

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...