• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Грабар-Китаровиќ: Припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, Хрватска е подготвена да ви помогне (видео)

Грабар-Китаровиќ: Припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, Хрватска е подготвена да ви помогне (видео)

Скопје, 23 септември 2018 (МИА) - Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство.

Ова во видео порака до македонските граѓани во пресрет на референдумот го порача хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

- Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша, и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори, вели во видео пораката до граѓаните на Македонија шефицата на хрватската држава.

Претходно денеска, преку видео порака до граѓаните на земјава во пресрет на референдумот се обратија и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Вчера со видео порака на македонските граѓани се обрати и претседателот на Франција Емануел Макрон, во која вели дека договорот со Грција овозможува иднина за земјата и оти верува во мудроста на граѓаните. нд/мд/20:28

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...