• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 септември 2018 (МИА) - Вчера во 15:15 часот на регионалниот пат Кичево - Битола, кај село Видрани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.П. (54) од село Козица, кичевско и патничко моторно возило „Лада нива“ со охридски регистарски ознаки управувано од В.П.(69) од село Другово.

По незгодата К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар. На сопатничката од возилото „Лада“ Р.П. (68) од село Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Ноќеска во 02:27 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“ Д.К.(18) од  Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што Д.К. починал на местото на настанот, а двајцата сопатници од возилото се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза".

Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера околу 15:15 часот во атар на село Кучково, скопско, на место викано „Чело“, избувнал пожар при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.

Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат.

Вчера попладнето околу 17:30 часот во Скопје, на игралиште на улица „Ѓорги Поп Христов“  во Топанско поле додека 13 годишно дете играло со други деца, од невремето, врз глава му паднала тенда, по што било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Вчера утрото во времето од 08:00 до 09:00 часот во Прилеп во хала на фирма лоцирана на улица „Александар Македонски“ при реконструкција на кровната конструкција, А.Д. (38) од село Бороец, струшко, паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.

Тој по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот во присуство на инспектор за заштита при работа од Министерство за труд и социјална политика.

На 24 септември околу 07:40 часот во село Неготино, гостиварско, Х.М., бил нападнат од кучиња скитници, при што во еден момент паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Истиот бил пренесен во Медицински центар Гостивар и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Вчера утрото околу 10 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека на улица „Новачки пат“ во Битола, при изедување градежни работи била пронајдена една артилериска граната кал.122мм од 1-ва Светска војна.

Таа била подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување за понатамошна постапка.

На 24 септември во 15:15 часот во Полициска станица Гостивар поради основано сомнение за сторени кривично дело „Тешка кражба“ приведени се С.Т.Н.(34) од Р.Бугарија, и П.Н.(51) од Призрен.

Лицата се задржани за понатамошна постапка. сст/09:46

###

 

 

 

                                                                            

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...