• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Референдумот ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи

Референдумот ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи

Скопје, 25 септември 2018 (МИА) - Референдумот за договорот со Грција на 30 септември ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи, објави Државната изборна комисија на својата веб страница.

Најмногу акредитирани домашни набљудувачи имаат Цивил-Центар за слобода - 282, Националниот ромски центар Куманово - 46 и Инклузива 40, МОСТ ќе го следи референдумот со 12, а Здружението ЕДУЛСЈ со тројца набљудувачи.

Од странските набљудувачи најбројни се на ОБСЕ-ОДИХР - 188, на Амбасадата на САД - 35 и Мисијата на ОБСЕ во Скопје 12 набљудувачи.

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го следи референдумот со осум набљудувачи, Амбасадата на Велика Британија со девет, амбасадите на Франција, Албанија и Унгарија со по шест, амбасадите на Турција и на Косово со по четири, Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС и Комитетот за отворена демократија со по тројца набљудувачи, а двајца набљудувачи ќе има невладината организација The Earth Saviours Foundation. 

За следење на референдумот се акредитирани и 47 странски новинари.

Рокот за поднесување барања за акредитации за набљудување на референдумот истече ноќеска на полноќ.дма/са/11:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...