• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Бил Козби оди во затвор поради сексуален напад

Бил Козби оди во затвор поради сексуален напад

Лос Анџелес, 25 септември 2018 (МИА) – Американскиот актер Бил Козби е осуден денеска на затворска казна во траење од три до 10 години поради сексуално злоставување жена.

– Време е за правда. Господине Козби, се ви се враќа сега. Дојде и тој момент, наведе судијата Стивен О’Нил.

Тоа значи дека Козби нема да може да биде во затвор помалку од три години, а повеќе од 10.

Судијата додаде дека Бил Козби ќе биде класифициран како „сексуално насилен предатор“, односно ќе биде регистриран како сексуален престапник до крајот на животот со обврска да оди за лекување и советување, и известување на заедницата каде живее дека „тука живее сексуално насилно лице“. За тоа ќе бидат известени соседите, но и школите и детските установи. 

 

Бил Козби (81) беше осуден во април за силување на Андре Констант во неговата куќа во предградие на Филаделфија во 2004 година. Адвокатите на Козби бараа казна – домашен притвор поради старост.зш/21:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...