• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Трамп ќе председава со седница на Советот за безбедност на ОН

Трамп ќе председава со седница на Советот за безбедност на ОН

Њујорк, 26 септември 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска првпат ќе претседава со една седница на Советот за безбедност на ОН, јави ДПА. 

Според американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, тоа најверојатно ќе биде „најследената седница на Советот за безбедност кога и да било досега“.

Хејли првично најави дека главна тема на седницата ќе биде „дестабилизирачката агресија и спонзорирањето на тероризмот од страна на Иран“, но подоцна соопшти дека на дневен ред на заседанието ќе биде „неширењето на оружјето за масовно уништување“.   

Според дипломатски извори во ОН, до промената дошло со цел да се избегне јавна конфронтација меѓу Трамп и иранскиот претседател Хасан Рохани, бидејќи според Повелбата на Светската организација, кога Советот за безбедност расправа за одредена држава, на седницата мора да му се дозволи обраќање и на претставник на таа земја.

Рохани претходно изјави дека Трамп има „недостиг на интелект“ и го обвини дека со своето вчерашно обраќање пред Генералното собрание на ОН ги „погазил глобалните правила и ги поткопал меѓународните институции“.

На седницата на Советот за бебзедност на ОН со која ќе претседава Трамп се очекува присуство и на претседателите на Боливија, Ево Моралес, на Полска, Анджеј Дуда и на Франција, Емануел Макрон, како и на британскиот и холандскиот премиер, Тереза Меј и Марк Руте.

На седницата ќе присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, но според најавите од Светската организација, тој нема да се обрати, туку само ќе го следи заседанието. сп/12:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...